Полицијата поднесе кривична пријава против 37-годишна жена од тетовско село поради сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“.
Според информациите од СВР Тетово, на 25 април 2026 година во семејниот дом, жената физички ја нападнала својата свекрва и ѝ упатувала закани.
Случајот ќе продолжи во надлежност на правосудните органи, откако полицијата презела мерки и ја документирала пријавата.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
