Вести Ковид19 Свет

Додека во Белгија почнува нова кампања за вакцинација за Ковид-19, во Нов Зеланд се олеснуваат мерките

Од денеска за жителите на Белгија почнува нова вакцинална кампања против Ковид-19, со вакцини адаптирани на сојот омикрон, јави дописничката на МИА од Брисел.

Во пресрет на есента кога се очекуваат нови пикови на заразени од Ковид-19 властите од денеска повторно почнуваат со вакцинација на населението. Први на ред се лицата над 65 годишна возраст и лицата со коморбидитети или ослабен имунитет, како и здравствените работници. Посебно внимание им се дава и на бремените жени.

Новите вакцини што се нудат сега се прилагодени  за нивиот сој на омикрон.

Додека во Нов Зеланд повеќе нема да биде потребно посетителите да бидат вакцинирани, освен за во здравствени и установи за нега на стари лица.

Земјата ги затвори за сите своите граници во март 2020 година, а повторно беа отворени во јули годинава.

– Денес се означува пресвртница во нашиот одговор. Конечно, наместо да се чувствуваме како Ковид-19 да диктира што се случува со нас, нашите животи, нашите иднини, ние си ја враќаме контролата, нагласи премиерката.

Меѓу другите промени што започнуваат од денеска, се и изолација во времетраење од седум дена само за оние чиј тест ќе биде позитивен на коронавирус. Изолација нема да биде потребна за контакти од исто домаќинство, ами ќе бидат подложни на дневен Ковид-19 тест пред да продолжат со својот живот нормално.

Земјата спроведуваше нула-Ковид стратегија голем дел за време на пандемијата, вклучувајќи национални локдауни во март 2020 и август 2021 година, кога делта и омикрон варијантите се појавија во внатрешноста.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јокиќ МВП по трет пат во НБА лигата

Дејан Дејан

Руската Дума го изгласа Мишустин за премиер

Дејан Дејан

Телма дознава: За 30-тина избирачки места во 5-тата изборна единица ќе има приговори од коалицијата на СДСМ и ЛДП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе