Вести Ковид19 Македонија

Нови 693 заразени, 826 оздравени и двајца починати од Ковид-19

Шестотини и деведест и три нови Ковид-случаи од 1480 направени тестови се регистрирани во последните 24 часа. Оздравени се 826 пациенти и двајца починале, соопшти Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Од новите случаи, 255 се во Скопје, во Битола – 49, Куманово – 44, Кавадарци – 42, Охрид – 32, Прилеп, Велес и Струмица – по 27, Тетово и Штип – по 24, Гевгелија и Радовиш – по 20, Гостивар – 16, Кочани и Делчево – по 12, Неготино – 10, Кичево и Струга – по 8, Ресен – 7, Крива Паланка и Берово – по 5, Свети Николе и Валандово – по 4, Кратово – 3, Виница, Богданци и Демир Капија – по 2, Пробиштип и Крушево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (693), регистрирани се 170 реинфекции.

Регистрирани сe 826 оздравени пациенти од: Скопје – 431, Струмица – 56, Битола – 49, Куманово – 39, Прилеп – 30, Тетово – 28, Велес – 23, Кавадарци и Гевгелија – по 21, Штип – 20, Гостивар и Кичево – по 17, Неготино и Ресен – по 15, Радовиш – 14, Кочани – 6, Валандово – 5, Богданци – 4, Крива Паланка, Кратово и Демир Хисар – по 3, Свети Николе и Виница – по 2, Струга и Демир Капија – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 2 починати лица, од Скопје (77г) и Богданци (77г).  Двете лица се починати во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се  регистрирани  починати лица.

Направени се 1.480 теста преку: ИЈЗ-199, ЦЈЗ Скопје-80, ЦЈЗ Битола-64, ЦЈЗ Прилеп-16, ЦЈЗ Тетово-35, ЦЈЗ Куманово-55, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–143, Жан Митрев (Филип Втори)-15, Авицена-26, Биотек-68, Систина-47, лабораторија Лаор-9, Синлаб-7, Ремедика-11, Плодност-5, Генеа-7, Никоб Лаб-41, ВФВ Медикал-3, Ели Медика Плус-6, Ројал Медика–4, Спектра-ММ-3, Рапид Лаб–3, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб Дијагностика–1, Рамус-8, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 623.

Досега во земјата се направени вкупно 2.131.728 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 333.360, бројот на оздравени пациенти е 333.360, на починати е 9.400, а бројот на активни случаи изнесува 4.243.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе