Вести Ковид19 Македонија Најважни

Ковид бројките растат, министерството без лек за недостатокот од лекари

Предлогот на Комисијата за заразни болести  да бидат отворени пет ковид амбуланти во Скопје ги спротивстави Министерството за здравство и матичните лекари.

За матичните лекари е неприфатлив ваквиот предлог поради неколку причини, пред се дека ваквиот чекор ќе го дестабилизира примарното здравство и фактот дека дел од предложените објекти за Ковид амбуланти не ги исполнуваат условите за такво нешто.

„Ставот на Здружението на приватни лекари е да не се дестабилизира примарното здравство дека ние им требаме на пациентите и тие имаат најголема доверба во нас. Ние кажавме денес на министерот, претставници од сите три здруженија и кажавме уште многу други моменти поради кои технички не е изводливо. Значи ако е војна рековме како матични доктори никогаш не сме откажувале во вкупната борба која би ја имал народот против вирус или било што. Да не се дестабилизира примарното здравство, да се искористат ресурсите на здравствените домови, ако се влоши состојбата секогаш примарното здравство отскокнувало и помагало во ситуацијата , но факт е три години ние ја преземавме најголемата обврска и во првите шест месеци кога сите беа затворени, никој не примаше пациенти ние ја опслужувавме и менаџиравме ситуацијата“ – вели др. Лилија Чолакова Дервишова, претседателка на Здружението на приватни лекари.

За недостигот на кадар јавното здравство има ресурси само треба да знае да ги менаџира, вели Дервишова.

„Има млади доктори кои што државата или Министерството за здравство им плаќа по 30.000 денари, онаа задолжителна пракса која мора да ја поминат шест месеци и сега ги ставаат во Брза помош, во вакцинални пунктови . Нека ги стават прва втора смена, нека се вклучат од вакциналните пунктови од превентива ресурсите и сите . Околу тестирањето ќе кажам додека се дојде до тест голем дел луѓе сами си купуваат, ќе купат и ќе кажат јас се тестирав, едниот е позитивен едниот е негативен, па ајде ако може уште еден да закажам“ – подвлекува Чолакова -Дервишова.

Министерството за здравство и натаму е посветено на  унапредување на  здравствената заштита на ковид пациентите преку создавање услови и организација на избраните лекари со цел услугата да биде пружена на едно место и исто ден во Ковид амбулантите, се вели во дописот на надлежното министерство.

„Лекарите од примарното здравство се наш партнер во заедничката борба со непредвидливиот вирус, односно со пандемијата и оваа борба е заедничка“ – велат од Здравство.

Додека надлежните институции си ја префрлаат топката ревизорскиот извештај на Фондот за здравство покажа дека над 18,6 милиони евра завршиле во приватните лаборатории за време на ковид-пандемијата.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра – поранешниот градоначалник на Ново Село фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе