Вести Македонија Топ вести

Фридом хаус: Македонија останува хибриден режим

Македонија останува хибриден режим. Во оваа категорија ја сместува невладината Фридом хаус, која секоја година прави извештај за демократскиот напредок на 29 земји од Централна и Источна Европа. Само 6 земји се сметаат за консолидирани демократии, додека 11 се во сивата зона, заедно со нас. Ние сме во оваа категорија од 2013, а на скалата од 1 до 7, годинава имаме средна оценка од 3,82.

Со ранг листа на која единица е најниско ниво на демократски прогрес а седумка највисоко, Македонија има средна оценка од 3,82 и останува во категоријата на хибридни режими. Невладината Фридом хаус, оценувајќи ги редовно европските земји во транзиција, ја смести во оваа „сива зона“ во 2013-та.

Во извештајот за 2021-ва, нашата земја има највисока оценка од 5,25 за граѓанско општество, 4,25 за изборен процес, 3 и пол за демократско владеење, по 3,25 за независно судство и независни медиуми, а најниска оценка доби за корупција.

Демократско владеење             3,50

Изборен процес                           4,25

Граѓанско општество                 5,25

Независни медиуми                   3,25

Независно судство                     3,25

Корупција                                        3,00

Генерална оценка                        3,82

Според Фридом хаус, Македонија постојано паѓапе од 2012-та до 2017-та, а потоа имаше благ раст, додека 2021-ва ја обележа стагнација. Тековната криза остава можност за ревизија на пристапниот процес во Унијата, па извештајот сугерира дека Бугарија треба да се откаже од забелешките, а Албанија и Македонија да почнат преговори.

Во категоријата хрибридни режими се вкупно 11 држави. Во групата,последна дојде Ерменија напуштајќи ги авторитарните режими, а во 2019-та Унгарија падна едно скалило од групата на демократски земји. Од регионот, најдобро е оценета Хрватска, а по неа следат Црна Гора, Македонија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина па Косово. Најконсолидирани земји се Естонија и Летонија, Словенија и други, а авторитарни се Русија, Белорусија, Казахстан и други. Напредок има кај само 4 земји, а дури и силните демократии бележат пад на демократските вредности.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нацрт-документот оди на ревизија – одложено гласањето за резолуцијата за Сребреница во ОН

Дејан Дејан

Поскапува задолжителната осигурителна полиса – нови цени за регистрација на возила

Дејан Дејан

Рокот за приговори за постапката за гласање е до 19 часот, до полноќ за сумирање на резултатите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе