Во случај на судир на две со Уставот загарантирани права, предност имаат детските , рече народниот правобранител, во врска со прекинот на воспитно – образовниот процес во земјава поради штрајкот на СОНК за повисоки плати.
Според правобранителот, до неговата канцеларија до сега пристигнале 4 – 5 преставки од родители кои реагирале во врска со неможноста нивните деца да посетуваат настава поради штрајкот на синдикатот.
А, според министерот за образование, СОНК треба да спроведе друг начин на штрајк зашто кога го најавил до МОН тековниот, не известил дека настава нема да се одржува.
