Вести Македонија

Протест на семјството и пријателите на загинатата радовишанка Викторија Николова

Црнила, тага и тишина го прекри просторот пред кривичниот суд. Родителите, блиските, момчето и пријатели на загинатата Викторија Николова бараат правда за сообраќајната несреќа во која жртва беше 24 годишната девојка. За нив прениска е првостепената судска пресуда од три години затвор за Јордан Ѓорѓиев, возачот на автомобилот кој ја усмрти Николова.

Делото за кое се судеше е предизвикување сообраќајка со смртни последици, но и со умисла бидејќи ја прегази девојката на пешачки премин возејќи со речиси 20 км на час над дозволеното. Казната е под минималната од 4 години затвор поради олеснителни околности, кои за адвокатот на семејството Николови се неиздржани.

Од кривичен велат дека жалат за загубениот живот, но дека при одмерување на казната освен отежителни предвид биле земени и олеснителни околности.

Судот бил должен да ги земе предвид и олеснителните оконости дека се работи за признание на вина од обвинетиот, неговата возраст и колку било прекорачена дозволената брзина на возење и фактот дека обвинетиот во моментот не бил под дејство на алкохол или опијати, соопштија од Кривичниот суд.  

Сообракајката се случи на 20 јануари годинава пред трговскиот центар Сити мол кога Николова, заедно со своето момче Леонид Даов, го преминувале булеварот на пешачки премин, додека за возилата трепкало жолтото светло. Даов беше полесно повреден. Вчера обвинителстовото поднесе жалба на пресудата па се очекува апелациониот суд да донесе одлука.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Главната цевка на водоводот во Гостивар била преместена за проектот Коридор 8 на Бехтел и Енка во мај годинава

Sonja Petrusevska

Велешанка касната од пајак „Црна Вдовица“, пренесена е на скопските клиники

Kristina Kuzmanovski

Италија повеќе не ги прифаќа македонските возачки дозволи, за иселениците ова е ризик да останат без работа

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе