Вести Македонија Топ вести

Камчев си ги бара парите од Катица и Боки 13, ја повлече тужбата за Кичеец

Катица со нова фризура, Боки облечен по последна мода. Седнати еден до друг, и овојпат Јанева и Јовановски не беа на кафе, туку повторно во судница, каде беа донесени од затвор. Ги тужи Орце Камчев, кој си ги бара парите назад, по пресудата дека му земале рекет од еден ипол милион евра. Се работи за парите од фамозната чанта Луј Витон, кои беа изнесени од куќата на Камчев од страна на Зоран Милески- Кичеец. Но, тужбата против него Камчев ја повлече. Додека објаснуваше како, според него, бил рекетиран, велејќи дека од Боки му бил понуден проект за шопинг мол, а синот на Јанева, Лазар Јанев, бил потпишан на проектот, Јанева дофрлуваше:

Халуцинира човекот, халуцинира. Поарно да чита бидејќи вака многу халуцинира.

Камчев кажа и дека, му бил понуден и проект за старечки домови, па рекламен простор во 1ТВ, а кога ништо од тоа не успеало, следеле средби, на кои Јанева рекла дека тој ќе излезе од притвор, а од тоа, вели, нема поголема изнуда. Тврди дека му барале дури 8 милиони евра, а пари биле исплаќани во повеќе наврати.Прво 350 илјади евра, па 150 илјади, па еден ипол милион евра. Убеден е дека дел од парите завршиле кај Јанева.

Но, судијата ѝ посочи на Јанева дека за неа нема материјален доказ дека барала и земала пари. Таа, пак, го праша Камчев, кога му кажала да ги исплати парите на Боки?

Жената лута. Таа ги меша настаните. Едно е кога потврдувала, кога бев во притвор. А јас кажувам кога од затвор ме однесоа во СЈО. Катица Јанева јадеше мекици и сирење во просторијата, ако треба да кажувам детали. Тогаш не ми побара пари и не ми зборуваше за Боки, сведочеше камчев.

На прашањето на Јовановски, дали се познава со Заев, Камчев потврди, велејќи дека го информирал за рекетот. Судијата му укажа дека и плаќање на рекет е кривично дело, но тој вели дека тогаш сметал дека е така најдобро и дека го документирал случајот за подоцна да го пријави.

И Јанева и Јовановски го негираа делото и го отфрлија побарувањето. Јовановски апелираше до повисоките судови, да се овозможи повторување на постапката поради контрадикторности и недоречености.Јовановски за случајот е осуден на 9 годнини затвор, а Јанева на 7.

Далиборка Дамјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Главната цевка на водоводот во Гостивар била преместена за проектот Коридор 8 на Бехтел и Енка во мај годинава

Sonja Petrusevska

Велешанка касната од пајак „Црна Вдовица“, пренесена е на скопските клиники

Kristina Kuzmanovski

Италија повеќе не ги прифаќа македонските возачки дозволи, за иселениците ова е ризик да останат без работа

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе