Вести Македонија Топ вести

Фон дер Лајен: Бугарија да помогне за реализација на ветувањето од 2020 година за страт на преговрите со Скопје и Тирана

Европскиот совет уште во 2020 година донесе одлука за почеток на преговорите со Северна Македонија и со Албанија, изјави денеска во Софија претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на заедничката прес-конференција со бугарскиот премиер Кирил Петков, и побара Бугарија да помогне за реализирање на таа одлука.

Таа истакна дека правата на малцинствата се во основата на европските договори и вредности и дека заштитата на малцинските права е основна вредност и тие се во фокусот на вниманието.

Фон дер Лајен нагласи дека е важно ЕУ да го исполни своето ветување во овие тешки времиња кон своите соседи. Според неа, времињата се многу бурни и тие ќе ја одредат иднината на Европа.

Претседателката на ЕУ рече дека ништо нема да е исто како што било пред војната во Украина. На крајот таа повтори дека треба да се исполни ветувањето кон партнерите од 2020 година и оти смета на Бугарија дека вешто ќе го води процесот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Главната цевка на водоводот во Гостивар била преместена за проектот Коридор 8 на Бехтел и Енка во мај годинава

Sonja Petrusevska

Велешанка касната од пајак „Црна Вдовица“, пренесена е на скопските клиники

Kristina Kuzmanovski

Италија повеќе не ги прифаќа македонските возачки дозволи, за иселениците ова е ризик да останат без работа

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе