Вести Македонија

Атрактивно земјиште во Центар продадено по 7 евра од квадрат

Државно земјиште во општината Центар се продава за 7 евра по метар квадратен. Според ВМРО ДПМНЕ, на место спроти зградата на Нова Македонија, се планира  изградба на деловен објект во висина од 15 ката. „15 ката висина кога ќе се помножат по 2 илјади евра за метар квадратен, доаѓаме до вредност од 30 илјади евра за метар“, вели Синиша Ивановски од ВМРО ДПМНЕ. Посочува дека решението на Министерството за финансии со кое се прифаќа барањето на инвеститорот за приватизација на ова градежно земјиште е донесено на 29.12.2021, а на тоа му претходи договор меѓу поранешниот градоначалник на општина Центар – Саша Богдановиќ и инвеститорот склучен на 2.10.2020 за цена од 1 евро по метар. „Зошто се дозволува ваква бетонизација и дали тука има незаконски дејствија“, прашува ВМРО ДПМНЕ.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе