Македонија

Ауди-то на сопругата на Шилегов целосно стопено во пожарот, а зафатени биле и три возила на соседот

Стопена конструкција, веќе непостоечки делови и остра миризба остави пожарот кој започнал најпрво во возилото „Ауди“.

Од пламените јазици „настрадаа“ уште неколку возила.

Ауди-то овде го паркирала сопругата на поранешниот скопски градоначалник, Петре Шилегов.

Пламените јазици ги дофатиле и другите три возила во непосредна близина.

Повредени и жртви во пожарот нема, а материјалната штета можела да биде и многу поголема ако огнот се префрлел на околните куќи.

„Беше некаде околу три часот кога слушнавме како пукаат гумите на опожарените возила. Станува збор за возилата на сопругата и на соседот. Веднаш повикавме Пожарна и среќа што немаше поголема штета и ниту еден објект не беше зафатен. Полицијата беше на лице место и беше направен увид, па ќе ги почекаме официјалните информации. Јас засега немам никакви индиции, ниту пак сомнежи дека пожарот можеби е подметнат од некого“ за Телма вели поранешниот градоначалник, Петре Шилегов.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека увидните екипи веќе завршиле со своите активности.

„На 9 март во 3 часот и 20 минути било пријавено дека на улица „Петре Пирузе“ во Скопје настанал пожар во патничко моторно возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а паркирано од Ј.Ш. Од пожарот зафатени биле и патнички моторни возила „Пасат“, „Матиз“ и „Нисан“ со скопски регистарски ознаки, сите сопственост на Д.М. (53). Се врши увид и се работи на расчистување на случајот“ соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

Материјали за вештачење се собрани и во истрагата ќе се трага по одговорите – дали пожарот бил намерно подметнат или пак настанал од други причини.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Таравари: Сѐ уште е рано за да се каже кој колку министерства ќе води во идната Влада

Дејан Дејан

Коѕијас ја критикува грчката влада за неспроведување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе