Вести Македонија

ВМРО ДПМНЕ на протестен марш

Во чест на 8-ми Март, во чест на мајката, сестрата, колешката, пријателката, и во чест на секоја жена, ВМРО ДПМНЕ организираше протестен марш по улиците на Штип. Организаторите од Унијата на жени рекоа дека протестираат за сите дискриминирани жени, посебно за оние кои треба да живеат со помалку од 150 денари на ден. „Ние сме посилни од предрасудите“, порачаа жените од Унијата и најавија дека борбата за еднаквост, правда, мир и развој – ќе продолжи и со наредните генерации.

„Во политиката мора да понесеме одговорност, не можеме да бидеме неми набљудувачи на реалните проблеми на сите жени. Податоците кои ги имаме како држава се поразителни. Само 18% жени се поседнички на имот! Само 2-3% се земјопоседнички, а јазот во платите изнесува 18%. Се прашувам каква е оваа држава во која за иста работа жените добиваат помали плати? Први сме на листите за отпуштање, последни на листите за унапредување. Ова се поразителни бројки кои мора да ги промениме! Кризите ни покажаа многу недостатоци и `не исправија пред бројни предизвици. Први на удар бевме токму ние жените и женското претприемништво.“, изјави претседателката на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ, Жаклина Пешевска.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе