Вести Македонија

Џафери: Институциите да бидат во состојба на готовност

Институциите треба да бидат во состојба на готовност, а носителите на функции будно да ја следат ситуацијата околу Украина, предупредува спикерот Талат Џафери, кој престојува во официјална посета на Косово. Неговиот домаќин, Глаук Коњуфца смета дека заради сите актуелни случувања во тој регион и агресијата од Русија, сите земји од Западен Балкан веднаш треба да бидат интегрирани во Европската унија.

„Несомнено  е дека нашиот регион е чувствителен, кршлив и подложен на надворешни влијанија. Во тој контекст, треба да бидеме внимателни и над се – делот на оваа соработка е координирање во сите можни негативни ефекти што би можело да ги има во регионот. Несомнено дека ги согледуваме овие прашања, меѓутоа не мислам дека има нешто конкретно. Како и да е, за секаква ситуација институциите треба да бидат во состојба на готовност“, изјави претседателот на Собранието на РСМ, Талат Џафери.

Претседателот на Парламентот на Косово, Глаук Коњуфца, на заедничката прес конференција, рече:

„Треба целиот Балкан веднаш да влезе во ЕУ. До пред некое време ова се чинеше несеризно, но сега е исклучително сериозно со оглед на новонастанатата ситуација со Русија и нејзината агресија и обид за окупација на соседните држави кои имаат амбиции да се приклучат на НАТО и на ЕУ. Добро би било Европската унија да го направи проширувањето во еден одреден моментум за целиот регион. Мислам дека тој моментум е создаден токму сега“.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор од 30 дена за екс директорот на Царина, Стефан Богоев и другите тројца осмничени за местење тендер

Дејан Дејан

Протест на граѓани поради опасното возење и сообраќајните несреќи на улицата „Бутелска“ – бараат надлежните бргу да реагираат

Igor Trajkov

(живо)Ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, вели обвинителката за случајот со Богоев – Се чека одлуката на Кривичениот суд за барањето за притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе