Вести Македонија

Гир: Украина заслужува да почне преговори со ЕУ

„Украина и Европската Унија никогаш не биле поблиски. Украинските граѓани, кои храбро се борат за европските вредности, заслужуваат да бидат во ЕУ. Сега треба што е можно поскоро да се отворат пристапните преговори и паралелно да се продолжи со реформите“, рече шефот на делегацијата на ЕУ во Македонија, Дејвид Гир.

Тој отфрли било каква споредба на пристапните процеси на Украина и Македонија бидејќи првата се соочува со воена агресија од Русија, додека Бугарија дава поддршка за Македонија иако има свои барања.

Амбасадорот на Франција, земјата претседавач со ЕУ – Сирил Бомгартнер, надополнува: „Дијалогот Македонија-Бугарија е отпочнат. Ние внимателно го следиме и сакаме да му дозволиме на овој ветувачки процес да се оствари во најдобри можни услови. Ќе бидат преземени сите активности за да може во најкраток можен рок да се постигне заедничката цел – отварање на претпристапните преговори“.

Амбасадорот Баумгартнер уверува дека приоритет на ЕУ не е членството на Украина туку изолирање на агресорот и поддршка на жртвите.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе