Вести Свет Топ вести

Бегалците од Украина добиваат право на престој и работа во ЕУ во следните три години

Сите граѓани на Украина како и членовите на семејствата на прогонетите ќе имаат право на заштита во ЕУ. Европската Комисија предложи да се активира директивата за привремена заштита на украинските бегалци со која се овозможува издавање дозволи за престој, право на работа, социјална и здравствена заштита и образование.

Во меѓувреме расте бранот бегалци. Молдавија, Полска , Романија, Унгарија и други земји подготвуваат импровизирани кампови во кои се сместуваат Украинците. Десетици кревети се поставуваат  во училишните сали. Засолништата се обезбедени со волонтери, полиција, војска и пожарникари.Марија е самохрана мајка која со детето во рака пристигна во Молдавија. Пукотниците се уште се слушаа додека ја преминуваа границата.

,, До последен момент не можев да верувам дека ова е војна.Сакам да се разбудам и се да биде како порано, се да биде добро.”вели Марија.

Жени, деца и изнемоштени луѓе пристигнаа и во Полска.

,, Не сакав да одиме, сакав да бидеме дома,но што може да направите?Сакам нивната психа да остане нормална. За мене не е важно како ќе живеат, важно е да се среќни.”-изјави Марија Лисичка

Група од 26 мексиканци кои побегнаа од Украина најдоа засолниште во Романија. Чекаат да бидат вратени дома. Многумина од нив оставија дел од своите семејства, како и домовите што ги изградија од другата страна на границата.

 ,,Трауматично е да ги слушате прозорците додека се тресат, стравувате дека бомба ќе падне таму каде што сте вие”.-сведочи Аура

Меѓу илјадниците бегалци што заминуваaт за Полска се најде и холивудскиот актер и режисер Шон Пен .Тој на твитер објави фотографија на која се гледа како носи ранец и багаж додека се движи по патот покрај колона автомобили.

,, Речиси сите автомобили на оваа фотографија носат само жени и деца, повеќето без никаков багаж, автомобилот им е единствената вредност,, напиша Пен кој во Киев престојувал снимајќи документарен филм.

Голем број организации испраќаат конвои со хуманитарна помош со храна, хигиенски средства, лекови, вреќи за спиење. Македонската влада на седница ќе разгледува со кои институции ќе треба да се направи проценка колкави се нашите капацитети за прием на бегалци од Украина.

Јулијана Пешевска Лефковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО Кармина Бурана во Софија- Филхармонија заедно со бугарските и грчките колеги изведоа маестрално за стоечки овации

Дејан Дејан

Трамп бара половина од рудното богатство на Украина за да почнат заеднички бизнис-Telegraph објави детали од американската понуда

Дејан Дејан

Украина, но и нормализација на односите меѓу Москва и Вашингтон – Лавров и Ушаков пристигнаа во Ријад

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе