Вести Македонија Топ вести

Бебето од Харков на безбедно, евакуирано уште едно македонско семејство од Украина

Бебето Симеон, кое се роди во Харков, само два дена пред руската инвазија,  се` уште е на пат за дома. Со неговото семејство е во конвојот што се приближува до границата со Молдавија. Се чувствуваат добро, веќе се на безбедно и се очекува денеска да ја напуштат Украина. Евакуирани се и други наши државјани.

Денеска уште едно семејство од Запорожје преку воз излегуваат од Украина и двајца поединци исто така од нашите граѓани од Киев со кола се приклучени на еден конвој, додека останатите 15 монитори од специјалната мисија денеска исто така ја напуштија Украина. Така што, во моментот имаме само еден од тие вкупно 30-те монитори во рамки на специјалната мисија којшто е останат во Украина, така што продолжуваме со овие комуникации и со разговори со партнерските земји да ги извлечеме сите безбедно од Украина, рече министерот  за надворешни работи, Бујар Османи.

Најкритична е ситуацијата во Киев, каде е обезбеден коридор за излез, но нашите државјани не можат да стигнат до него.

Обезбедивме безбедносен коридор, меѓутоа, прашањето е што они не можат да стигнат до местото каде што тргнува тој безбеден коридор поради различни причини –  безбедносни причини, немаат ниту гориво за да можат да се движат безбедно низ тој коридор, така што имаме неколку околности коишто ги имаме предвид, меѓутоа комуницираме за да создадеме коридори коишто се поблиску до нивното место на наоѓање, вели Османи.

Синоќа во Романија пристигнаа и нашите државјани кои беа евакуирани со конвој од четири бугарски автобуси и автомобили од бугарската амбасада во Киев, во кои се наоѓаа 200 лица –бугарски, украински и американски државјани. На границата беа пречекани од бугарската министерка Теодора Генчовска. Според возачите на автобусите, патувале добро, а имале и доволно храна и вода.За сите е обезбедено и место за преспивање и храна во хотели во приморскиот град Варна.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО Кармина Бурана во Софија- Филхармонија заедно со бугарските и грчките колеги изведоа маестрално за стоечки овации

Дејан Дејан

Трамп бара половина од рудното богатство на Украина за да почнат заеднички бизнис-Telegraph објави детали од американската понуда

Дејан Дејан

Украина, но и нормализација на односите меѓу Москва и Вашингтон – Лавров и Ушаков пристигнаа во Ријад

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе