Вести Македонија

Ин Мемориам: Почина Марјан Додовски, првиот министер за животна средина и поранешен пратеник

Поради компликации од коронавирусот денеска почина Марјан Додовски, прв министер за животна средина и просторно планирање на ВМРО-ДПМНЕ од 1998 до 2002 година. Додовски беше пратеник во Собранието од 2006 до 2008 година, а потоа и член на Советот на Град Скопје.

Веста ја соопшти неговата поранешна сопруга Иванка Василевска на нејзиниот Фејсбук профил.

– Во длабока жал ве известуваме дека ноќеска, на државната клиника, прерано не напушти Марјан Додовски. Марјан беше голем и посветен борец за Македонија, прв министер за животна средина и просторно планирање на ВМРО-ДПМНЕ, во својата плодна кариера извршуваше бројни партиски и државни функции но, пред се и најважно од се тој беше татко на мојата, на нашата Марија Додовска. Не остави во голема жалост, а Македонија изгуби голем човек. Марјан почивај во мир!, напиша таа.

Додевски беше член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, претседател на комисијата за животна средина и координатор на изборни единици.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЈО Гостивар – Одлуката за натамошниот тек на постапката ќе биде донесена по добивањето на резултатите од испитувањата на примероците од водата во гостиварскиот водовод

Дејан Дејан

Русија изврши голем балистички ракетен напад врз Киев – најмалку едно убиено лице и 14 повредени

Дејан Дејан

Шпанија ја очекува најжешката недела од летото – температурите следната недела ќе достигнат до 45°C

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе