Македонија

Катица Јанева на новогодишен затворски викенд

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева добила затворски викенд за Нова Година. Оваа привилегија ја добила бидејќи според законот на затвореникот му следува викенд доколку одлежал една третина од казната.

Пуштена е од женското одделение во Идризово каде треба да се врати првиот работен ден во годината, откако нејзините адвокати побарале слободен викенд за Јанева од 31 декември во траење од 4 денови.

Поранешната специјална обвинителка го исполнува овој услов затоа што во затворската казна се пресметуваат и деновите кои ги помина во притвор.

Викендот на Јанева ќе ѝ заврши утре и таа се враќа назад во затворот. Поранешната специјална обвинителка беше осудена на 7 години затвор за случајот „Рекет“, пресуда која во моментов е на вонредно преиспитување во највисокиот суд.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претседателката на Индија во посета на Македонија – посебен сообраќаен режим во Скопје

Sasko Dimovski

Собранието ќе одлучува за продолжување на кризната состојба – Владата предложи мерката да трае до 20 октомври

Sasko Dimovski

Тројца амбасадори ќе претстават дипломатски платформи

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе