Македонија

Расадник ќе се уредува преку меѓународен конкурс, Ѓеорѓиевски го стопираше проектот на неговиот претходник

Едно од последните неизградени земјишта во Кисела Вода, Расадник, ќе се уредува преку меѓународен конкурс откако градоначалникот Орце Ѓеорѓиевски го стопираше проектот на неговиот претходник за изгрдба на 99 згради.

Ѓеорѓиевски рече дека општината Кисела Вода била прва на удар на градежната мафија и побара помош од граѓаните за справување со неа.

За да ја запреме урбаната мафија, потребна ми е и вашата помош. Ве повикувам сите да направите увид во Урбанистички планови и  сите ваши забелешки, сугестии и предлози за измени, дополнувања или укинувања на цели или делови од плановите да ни ги доставите во рок од 30 дена, изјави Ѓеорѓиевски.

Градоначалникот на Кисела Вода го критикуваше најавенито нов закон за легализација на дивоградби, за кој смета дека не е во интерес на граѓаните, и најави рушење на секоја дивоградба за која ќе се констатира дека е надвор од параметрите на планското градење.

Градоначалникот Ѓорѓиевски соопшти и дека е почната ревизија на 34 плана кои беа во различни фази на донесување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Здрава котлина“ со сомнежи за новиот управител на „Euromax Resources“

Igor Trajkov

Зeмјоделците барат закон за спас на оризопроизводството

Igor Trajkov

Бесконечно докажување траен инвалидитет

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе