Вести Свет

Британија и светот се збогуваат од Кралицата Елизабета Втора

„Денешната тага, почувствувана не само од семејството на покојната кралица, туку и ширум нацијата, комонвелтот и светот, произлегува од нејзиниот исполнет живот и посветена служба. Која сега нѐ напушти.“, порача Џастин Велби – Архиепископот од Кентербери

Претседатели и премиери, кралеви и кралици, принцови и принцези, како и илјадници граѓани денеска во Лондон се собраа на погребот на кралицата Елизабета Втора. Меѓу 2.000-те поканети на погребот има околу 500 светски лидери и претседатели од Џозеф Бајден и Емануел Макрон, до Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел, а меѓу нив и е македонскиот претседател Стево Пендаровски. Членови на кралските семејства од Шпанија, Монако, Норвешка, Холандија, Данска, како и јапонскиот император Нарухито исто така присуствуваат на погребот.

По службата во Вестминстерската опатија ширум Обединетото Кралство се одржа двеминутно молчење, по кое погребната поворка од опатијата се упати кон замокот Виндзор поминувајќи покрај многу од лондонските знаменитости. Покрај кралското семејство, ковчегот го следеа и 3.000 припадници на повеќе чети на британската армија.

Во замокот Виндзор ќе се одржи уште една верска служба, на која ќе присуствуваат 800 луѓе, меѓу кои и членови на персоналот на кралицата. Во 20 часот и 30 минути, кралицата ќе биде погребана во интимна церемонија, во кругот на најтесното семејство, во меморијалната капелата на нејзиниот татко Џорџ Пети.

Кралицата Елизабета втора почина на 96-годишна возраст на 8 септември. Таа беше монарх со најдолго владеење во британската историја и најстар шеф на држава во светот.

Таа беше радосна, присутна, допре толку многу животи, и денеска се молиме посебно за целото нејзино семејство, кое тагува како и секое друго семејство на погреб.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Пожарот кај Велес се прошири кон патот за Штип, чадот стигна до автопатот – интервенираат „ер трактори“

Kristina Kuzmanovski

Не споделувајте лични податоци и броеви на банкарски картички – МВР со предупредување до граѓаните за нов бран на лажни пораки за „Безбеден град“

Sasko Dimovski

Десет повредени во судир на три возила на патот Кичево – Охрид

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе