Вести Свет

Рокот до кога треба да се знае мандатарот за составот на новата влада на Црна Гора е до денеска

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, до денеска треба да го соопшти името за состав на новата влада, по предлог на 41 пратеник.Доколку на Ѓукановиќ не му биде доставен предлог за мандатар, најверојатно ќе побара скратување на мандатот на парламентот.

Партиите кои го формираа мнозинството по изборите на 30 август 2020 година и по седум средби не ги усогласија ставовите за мандатар и распределбата на функциите во новата влада, но последниот обид за договор ќе следи денеска.

Еден од лидерите на Демократскиот фронт , Андрија Мандиќ свика средба за денеска во 10 часот во Собранието на Црна Гора.Иницијаторот на разговорите Мандиќ вчера соопшти дека алијансата го прифаќа нивното барање идната влада да се формира на паритетна основа – половина од членовите да бидат од редовите на ГП УРА, а другата половина да ја сочинуваат другите партии и оти кандидатот за мандатор Миодраг Лекиќ има „златен глас“,

По изјавата на Мандиќ УРА не се изјасни, но не се изјаснија ниту Демократите на Алекса Бечиќ.

Мндиќ очекува 41 пратеник да го потпишат предлогот Миодраг Лекиќ да биде кандидат за мандатар и оти за ова денеска ќе го извести претседателот Мило Ѓукановиќ.

Уставот не предвидува што ќе се случи доколку не биде предложен мандатар, но извесно е дека тоа би довело до вонредни избори кои можат да се распишат само доколку се распушти собранието или му се скрати мандатот.

Доколку не го достават името на мандатарот, се очекува Ѓукановиќ да побара скратување на мандатот на собранието. Конечната одлука за скратување на мандатот на собранието ја носат пратениците, со 41 глас „за“. Доколку одлуката биде усвоена, според член 92 од Уставот, Ѓукановиќ треба да распише предвремени избори првиот ден по распуштањето на собранието.

Доколку Ѓукановиќ, пак, предложи мандатар и ако тој не биде избран во рок од 90 дена, парламентот ќе се распушти. Во тој случај, Ѓукановиќ ќе распише избори следниот ден по распуштањето на собранието.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Пожарот кај Велес се прошири кон патот за Штип, чадот стигна до автопатот – интервенираат „ер трактори“

Kristina Kuzmanovski

Не споделувајте лични податоци и броеви на банкарски картички – МВР со предупредување до граѓаните за нов бран на лажни пораки за „Безбеден град“

Sasko Dimovski

Десет повредени во судир на три возила на патот Кичево – Охрид

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе