Вести Свет

Украинските сили биле побројни од руските во регионот Харков во однос 8 спрема 1

Украинските сили беа побројни во однос на руските во однос 8 спрема 1 во минатонеделниот противнапад во регионот околу Харков, оцени рускиот администратор за овој окупиран дел од Украина.

Според него, Украинската армија освоила повеќе села во Северниот дел од земјата и се пробила во близина на границата со Русија.

Официјален Киев тврди дека нивните единици освоиле територија од околу 3000 квадратни километри во досега најголемиот воен успех во текот на војната. Иако овие информации не може независно да се потврдат, факт е дека за прв пат Украинците може да прогласат успех на борбеното поле.

Украинската армија тврди дека ја вратила контролата на 20 села во последните 24 часа, во продолжението на својата офанзива во северо-источниот регион од земјата.

Украинците тврдат и дека нивните борбени единици ја презеле контролата на регион од околу 500-тини квадратни километри во јужниот регион Херсон.

Официјална Москва повлекувањето на своите единици го опишува како тактичко регрупирање, при што се потврдува дека специјалната воена операција ќе продолжи се додека не бидат исполнети сите цели.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Главната цевка на водоводот во Гостивар била преместена за проектот Коридор 8 на Бехтел и Енка во мај годинава

Sonja Petrusevska

Велешанка касната од пајак „Црна Вдовица“, пренесена е на скопските клиники

Kristina Kuzmanovski

Италија повеќе не ги прифаќа македонските возачки дозволи, за иселениците ова е ризик да останат без работа

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе