Денешното обраќање и средба на новиот британски крал Чарлс III со пратениците од двата дома на Парламентот се одржува во најстариот дел од парламентарниот комплекс во Лондон. Единствено во Вестминстер Холот, британскиот монарх има право да влезе и да се сретне со пратениците.
Правилото е старо речиси 4 века. Парламентот на Британската монархија е забранета зона за монарсите на Империјата.
Правилото е воведено поради Чарлс I, којшто во 17-тиот век се обидел да влезе во Парламентот за да ги уапси и да им суди на народните избраници со кои имал отворен конфликт. Конфронтацијата на двете страни предизвикала и граѓанска војна која завршила со смрт на кралот Чарлс во 1649-тата година кога му била отсечена главата по политичкиот пораз.
Сегашниот крал кој е трет со исто име како обезглавениот крал од 17-тиот век им се обрати на пратениците во овој дел на парламентот кој се вика Вестминтсер Хол. Холот е дел од старата Вестминстреска палата и е единствен сочуван дел од тоа рано средновековно здание изградено во англиската Империја.
Холот пак е препознатлив по дрвениот внатрешен изрезбарен кров (hammer-beam) кој се простира на простор од 20X73 метри. Изграден е на крајот на 14-тиот век, а кровот се наоѓа на височина од 28 метри.
