Вести Македонија Топ вести

Шехтански: Знамето со сонцето од Вергина стана официјален симбол на општина Лозово, градоначалникот демантира

Со седум гласа „за“ и два против Советот на општината Лозово го усвои предлогот 16-крако жолто сонце со десет сини цвета во внатрешниот дел на црвена подлога да биде официјално знаме на општината, соопшти ТМРО. Предлогот бил поднесен од Зоран Иванов, советник од ТМРО, објави претседателот на ТМРО, Ванчо Шехтански.

„За предлогот гласаа тројца советници од ВМРО-ДПМНЕ, тројца од СДСМ и советникот Иванов. Против беа советникот од ЛДП-ДОМ, како и независниот советник, велат од ТМРО.

Во предлогот на ТМРО беше наведено дека како Македонци должност е да се чува и негува македонскиот идентитет и обележјата на секаде, вклучително и општините

„Велигденскиот подарок за Македонците каде и да се. Сакам да ве известам дека денес успеавме и ова е за прв пат во Македонија ,Македонскиот национален симбол да биде официјален во една општина. Се надевам дека предлогот на ТМРО ќе биде прифатен и во други општини“, напиша Шехтански на Фејсбук.

ИСПРАВКА: 

Градоначалникот на Општина Лозово, Бошко Цветковски за Телма ја демантира информацијата на лидерот на ТМРО, Ванчо Шехтански дека Советот на Општина Лозово го усвоил предлогот 16 кракото жолто сонце од Кутлиш да стане официјално знаме или симбол на општината.

Цветковски објаснува дека на седницата советникот на ТМРО дал предлог знамето да се користи како симбол, а одлуката за која што гласале седумината советници гласи е да се побара мислење од страна на надлежните институции и министерства дали знамето од Кутлиш може да биде како симбол во нивниот грб или како знаме.

Цветковски потенцира дека на седницата не е донесена одлука за сонцето од Кутлиш да стане официјално знаме, туку сега ќе се бара мислење од страна на надлежните институциите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сета медицинска документација и фискални сметки за постапка за надомест на штета – правни механизми пред гостиварци кои може да поднесат и приговори за јунските фактури за вода

Sasko Dimovski

(Видео) Пожарот кај Велес се прошири кон патот за Штип, чадот стигна до автопатот – интервенираат „ер трактори“

Kristina Kuzmanovski

Не споделувајте лични податоци и броеви на банкарски картички – МВР со предупредување до граѓаните за нов бран на лажни пораки за „Безбеден град“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе