Трагедијата во ноќниот клуб „Привилиџ“ повторно го отвори прашањето, како работат клубовите во Градскиот парк ако се знае дека тие не може да доббијат лиценци поради законските ограничувања. Привилџ работел бидејќи не успеале да му ја достават забраната за рабнота на одговорното лице, а сега е пломбиран. Без лиценца но и без фискални сметки работел овој ноќен клуб, покажуваат проверките во институциите. МВР без одговор зошто тимот си заминал од ноќниот клуб откако никој не им отворил врата наместо веднаш да го повикаат одговорното лице.
По убиството на хрватскиот ракомтар Денис Тот, минатата сред пред ноќниот клуб „Пивилиџ“, повторно се отвара прашањето околу сивата зона во која функциуонираат неколкуте ноќни клубови во центарот на Скопје, во Градскиот парк.
Она што е јасно е дека ниту еден ноќен клуб кој се наоѓа во Градскиот парк засега нема лиценца за работа која што ја издава од министерството за економија. Но и доколку било кој од правните лица кои се водат како сопственици или закупци на ноќните клубови во Градскиот парк сака и аплицира за да добие лиценца нема да ја добие. Никој не може да работи легално тука ако се спроведува и почитува законот бидејќи тој предвидува оддалеченост од најламу 300 метри по воздушна линија од детско играчишта, герадинка, училиште, станбена зграда или хотел, како што е во овој случај – хотелот „Парк“.
Од екомомија, официјално за „Телма“ соопштија дека годинава имаат издадено девет лиценци за кабаре, ноќен клуб или дискотека и дека уште една апликација е во процедура.
Од пазарната инспекција соопштија дека имале проблем со доставувањето на решението за забарана за работа, кое е инаку на доброволна база кај сопственикот, а сега е пломбиран.
Немањето лиценца, прекршокот за кој „Телма“ дознава дека се изречени казни во висина од 100 евра за фирмата и одговорното лице, не е единствен.
Во контрола на УЈП е потврдено дека не се издаваат фискални сметки.
УЈП: „Со контролата согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања, утврдено е дека даночниот обврзник не издава сметки за извршениот промет односно се констатиран е прекршок согласно член 21-б на Законот за регистрирање на готовинските плаќања за неиздавање фискални сметки за извршениот промет на добра, односно на услуги. За констатираниот прекршок изречени се глоби на правното лице и одговорното лице на истиот“
Останува нејасно и зошто тимот на МВР си заминал откако никој во клубот „Привилиџ“ не им ја отворил вратата, иако вообичаено е внатре да има барем чувар со оглед на вредноста на поставената опрема внатре, наместо веднаш го го повика одговорното лице нешто што ќе биде направено десетина часа подоцна.
