Балкан Вести Свет Топ вести

Косово: Ја убил својата партнерка, па ја запалил куќата

Полициски службеници денеска го уапсија, Башким Гаши (46), косовски државјанин под сомнение дека синоќа ја убил својата невенчана сопруга во Улцињ, а потоа ја запалил куќата каде што живееле.

Тој бил повреден во пожарот и бил пренесен во Општата болница во Бар за медицинска помош, а потоа во Клиничкиот центар на Црна Гора во Подгорица, соопшти полицијата.

Полицијата, за многу краток временски период, го идентификувашe и уапси лицето кое е осомничено, дека го извршило кривичното дело тешко убиство во текот на ноќта врз неговата невенчана сопруга, а потоа подметнал пожар на самото место, во куќата каде што живееле заедно, во населбата Кодре во Улцињ. Имено, околу 00:30 часот вечерва, во Одделот за безбедност на Улцињ било пријавено дека избувнал пожар во станбена зграда, куќа во населбата Кодре. Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот каде што било пронајдено безживотно тело на непознато лице, подоцна идентификувано како Д.Н (36), државјанин на Албанија – се вели во полициското соопштение.

Како што се додава, полициските службеници брзо пронашле и контролирале непознато лице со повреди предизвикани од пожарот, за кое подоцна е утврдено дека е Гаши.

За инцидентот бил известен државниот обвинител во Вишото државно обвинителство во Подгорица. Полициските службеници, во координација и по налог на надлежниот обвинител, презедоа  мерки и дејствија за расветлување на инцидентот, собраа известувања од неколку лица и запленија видео снимки од камерите за надзор, како и материјални докази од местото на настанот што ќе бидат предмет на вештачење. Досега преземените полициско-обвинителски мерки и дејствија укажуваат на сомнение дека Б.Г. сторил кривично дело тешко убиство, подметнал пожар на лице место и се оддалечил од местото, се наведува во соопштението.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Струмичката котлина покриена со густ чад, втор ден гори депонијата Шапкар

Sonja Petrusevska

(ВИДЕО) Професор Пановски вели анализите за водата да се објават веднаш за да знаат лекарите како да лекуваат болни и како да се чисти водоводот: Од 1973-та сум студент, не памтам ваква небулоза

Дејан Дејан

За осомничени за силување, одредена времена мерка одземање на патна исправа, а законот предвидел казни до 10 години

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе