Вести Македонија Топ вести

Струмичката котлина покриена со густ чад, втор ден гори депонијата Шапкар

Струмичките пожарникари и денес се ангажирани на гаснење на пожарот на депонијата Шапкар кај село Добрашинци. На терен интервенираат две противпожарни возила со пожарникари-спасители, кои работат на локализирање и целосно ликвидирање на пожарот. Во интервенцијата е вклучена и механизација на ЈПКД „Комуналец“ – Струмица, која работи на затрупување на депонијата со цел да се спречи повторно активирање на жариштата.

„Ова е правецот на депонијата Шапкар, која се наоѓа на само неколку километри воздушна линија од Струмица. Целиот простор е маглив поради континуираното чадење од депонијата која е запалена од вчера.“Иако пожарот според надлежните нема опасност од ескалација, граѓаните велат дека последиците од чадот и непријатниот мирис повторно се чувствуваат низ струмичката котлина. Од граѓанската иницијатива „Здрава котлина“ реагираат дека проблемот со депонијата не е нов и предупредуваат дека ваквите ситуации стануваат повторлива закана за здравјето на населението.

„Утрото за струмичани започна со силно печење во носот и грлото. Целата котлина е покриена со густ чад, а воздухот повторно е тежок за дишење. Повторно плаќаме со сопственото здравје за туѓата негрижа, “ пишуваат екоактивистите.

Од „Здрава котлина“ апелираат граѓаните да останат во затворени простории, да ги држат прозорците затворени и да ги ограничат непотребните активности на отворено, особено најранливите категории.

Сузана Мицева

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Професор Пановски вели анализите за водата да се објават веднаш за да знаат лекарите како да лекуваат болни и како да се чисти водоводот: Од 1973-та сум студент, не памтам ваква небулоза

Дејан Дејан

За осомничени за силување, одредена времена мерка одземање на патна исправа, а законот предвидел казни до 10 години

Sonja Petrusevska

Минималната синдикална кошничка над 1.100 евра

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе