Вести Најважни Свет

Астронаутите од мисијата „Артемис II“ безбедно се вратија на Земјата по летот околу Месечината

Четири астронаути од мисијата „Артемис II“ безбедно се вратија на Земјата по десетдневен лет околу Месечината, со што заврши првата американска мисија со екипаж во близина на Месечината по повеќе од половина век.

Екипажот составен од Рид Вајсман, Кристина Кох, Виктор Гловер и канадскиот астронаут Џереми Хансен слетаа со капсула „Орион спејскрафт“ во Тихиот Океан, крај брегот на Сан Диего, во 20:07 часот по источно американско време.

Леталото слета исправено со помош на три падобрани, а спасувачките екипи брзо пристигнаа на местото на слетување. Пред слетувањето, имаше шестминутен прекин на комуникацијата со контролата на мисијата во „Џонсон Спејс Центар“, што е вообичаено за минување низ атмосферата.

По безбедносната проверка, членовите на екипажот ја напуштија капсулата и беа префрлени со хеликоптер на транспортниот брод на американската морнарица „USS John P. Murtha“, каде што ги поминаа првите медицински прегледи. За време на мисијата, астронаутите прелетаа вкупно околу 1.126.540 километри и поставија нов рекорд за најголемо растојание поминато од луѓето од Земјата, околу 406.769 километри, надминувајќи го рекордот поставен од екипажот на Аполо 13.

Успешното завршување на мисијата е важен чекор во рамките на програмата „Артемис“ на НАСА.

Агенцијата планира да ја лансира мисијата „Артемис III“ кон средината на 2027 година, додека  слетување на Месечината е предвидено за 2028 година.

Американскиот претседател Доналд Трамп му честиташе на екипажот за, како што изјави, „спектакуларното патување и совршеното слетување“, додавајќи дека со нетрпение го очекува нивниот прием во Белата куќа и идните мисии, вклучувајќи ги и плановите за лет до Марс.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЈО Гостивар – Одлуката за натамошниот тек на постапката ќе биде донесена по добивањето на резултатите од испитувањата на примероците од водата во гостиварскиот водовод

Дејан Дејан

Русија изврши голем балистички ракетен напад врз Киев – најмалку едно убиено лице и 14 повредени

Дејан Дејан

Шпанија ја очекува најжешката недела од летото – температурите следната недела ќе достигнат до 45°C

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе