Израел ги предупреди иранските граѓани да не патуваат со воз денеска, пред истекот на последниот ултиматум на Трамп до Техеран, да го отвори Ормускиот теснец или во спротивно Американската и израелската авијација ќе ја уништат иранската енергетска и транспортна инфраструктура.
Американскиот претседател изминативе денови ја заостри реториката кон Иран, заканувајќи се дека со интензивирање на нападите ќе го вратат Иран во каменото доба. За Трамп, ваквите напади врз иранската инфраструктура нема да се сметаат за воени злосторства, иако правилата за конвенционално војување го утврдуваат тоа.
Не, воопшто не, не мислам така. Се надевам дека нема да мора да го направиме тоа. Но, само што реков дека 47 години преговаравме со овие луѓе, тие се одлични преговарачи. И затоа што нема да имаат нуклеарно оружје, тој што ќе ме наследи моќе да биде слави и не ефикасен, што е возможно бидејќи имавме многу претседатели кои беа слаби, не ефикасни и исплашени од Иран. Никогаш нема да дозволиме Иран да има нуклеарно оружје, изјави синоќа трамп.
Иако за речиси целото траење од војната Трамп инсистира дека се водат преговори и Техеран гори од желба да постигне договор, сепак и Соединетите држави и Иран го отфрлија последниот предлог за примирје. Американскиот претседател предлогот на земјите посредници Пакистан, Турција и Египет го нарече добар чекор но сепак не доволен.
И додека целото светско внимание е насочено дали Трамп ќе го повлече и овој ултиматум, или војната дополнително ќе се распламти, Израел продолжува да ја бомбардира иранската енергетска инфраструктура. Откако вчера ја уништија најголемата нафтена рафинерија Јужен Парс, израелската армија бомбардираше уште две други рафинерии во Иран.
Игор Трајков
