Вести Македонија Топ вести

Реакции на студенти од катедрата Меѓународни и интеркултурни студии по изјавата на министерката Јаневска дека програмата „најверојатно ќе се затвори“ поради мал број на запишани

По вчерашната изјава на министерката за образование и наука Весна Јаневска во емисијата Директно на Телма дека најверојатно студиските програми со мал број на запишани студенти „најверојатно ќе се затворат“ од студиската програма Меѓународни интеркултурни студии при Филозофскиот факултет активни и дипломирани студенти реагираа.

Тие во објавата на „Фејсбук“ наведуваат дека програма на Меѓународни и интеркултурни студии е дел од УНЕСКО катедрата за интеркултурни студии и истражувања при Филозофскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

Студиската програма е одобрена на седница на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование, одржана уште на 23.12.2016 година, по претходно доставен позитивен извештај од стручна комисија. Водејќи се од целите поставени со оваа студиска програма, но и од содржините што ги нудат програмите, за референтна програма според која е изработен елаборатот е програмата за четиригодишни додипломски студии на Универзитетот „Беркли“ од САД.

Студиската програма прв пат е воспоставена во академската 2017 година, и секоја година со распишување на конкурсот за упис на студенти, се движи со квота од помалку или повеќе од 25 студенти (вообичаено 10 во државна, 10 во приватна квота и 5 вонредни студенти). Филозофскиот факултет, проценува дека тоа е доволен број на заинтересирани студенти, што и во пракса се покажало точно.

Меѓународни и интеркултурни студии, од моментот на нејзиното воспоставување, до ден денешен, единствената интердисциплинарна студиска програма – принцип на студирање следен на многу универзитети кои се наоѓаат на врвот на шангајската листа. Малата бројка на студенти, со интердисциплинарниот метод на функционирање, кој претпочита следење на предмети од повеќе факултети на УКИМ, како Филозофскиот, Економскиот, Правниот и други факултети, претставува само практичност и ефективност.

„Во ситуација во која, високото образование се соочува со хиперпродукција на монолитни дипломи, дипломирани студенти без никакво искуство и високо образование кое е на дното на сите параметри на академски напредок на светско ниво, деструктивно е токму вакви студентски програми да се критикуваат. Напротив, интердисциплинарноста и квалитетот на студирање на МИС, се вредности кои треба да се стимулираат во скоро сите веќе постоечки студиски програми“, пишува во соопштението. 

Тие истакнуваат дека напад на една од најквалитетните кадри и студии претставува  дополнителен удар, врз мал број студенти, кои обратно-пропорционално од перцепцијата на јавноста, се задоволни од своите студии, токму во Македонија, токму на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Дополнително тие додаваат дека дипломираните кадри од оваа студиска програма, со звање политиколог по меѓународни и интеркултурни односи, денес се меѓу најистакнатите гласови во граѓанскиот сектор во државата.

Со реакција се произнесе и Теодора Милеска, дипломирана на оваа студиска програма која на „Фејсбук“ и се обрати јавно на министерката дека не би требало да си дозволи паушални и генерализирачки изјави за студиски програми и нивната „вредност“, особено кога станува збор за интердисциплинарна програма темелена врз меѓународни академски стандарди.

„Јас, како поранешна студентка на МИС, немам „проблем“ да се вработам поради мојата диплома или експертиза. Проблемот е системски. Проблемот е во корупцијата и партизацијата, каде што компетентноста честопати е второстепена во однос на политичката припадност“, напиша Милеска. 

Од студиската програма Меѓународни и интеркултурни студии додаваат дека според нив ваквата реторика, претставува само лапсуз и исклучок, во тоа како државата ги поттикнува младите, својата академска и професионална кариера да ја остваруваат во Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сета медицинска документација и фискални сметки за постапка за надомест на штета – правни механизми пред гостиварци кои може да поднесат и приговори за јунските фактури за вода

Sasko Dimovski

(Видео) Пожарот кај Велес се прошири кон патот за Штип, чадот стигна до автопатот – интервенираат „ер трактори“

Kristina Kuzmanovski

Не споделувајте лични податоци и броеви на банкарски картички – МВР со предупредување до граѓаните за нов бран на лажни пораки за „Безбеден град“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе