Uncategorized Вести Македонија Топ вести

Ревизорите утврдија дека со години нема листа на забранети супстанци во козметичките производи, ниту лабораторија за испитување детски играчки

Од 2010 година до денес, листата на забранети супстанци во козметичките производи кои се во малопродажба во Македонија не е ажурирана ниту еднаш. Воедно, во земјава нема ниту една лабораторија со опрема за испитување на забранети супстанци во детските играчки кои се увезуваат и се продаваат кај нас, наведува Државниот завод за ревизија во ревизорскиот извештај за работата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Ревизорите посочуваат дека Министерството за здравство пред 16 години донело листа на  1.600 супстанции што не смеат да се користат во овие производи, која не е ажурирана до денес, нотира Државниот ревизор.

  • Поради тоа, постои ризик во промет да се ставаат производи кои содржат супстанци за кои на територијата на ЕУ е утврдено дека се штетни по здравјето, а истите да не се забранети на територијата на нашата држава“, наведува ДЗР.

Државниот ревизор потенцира дека е потребно Министерството за здравство, во соработка со Инспекторатот и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), да преземе активности за редовно ажурирање на листата на супстанции што не смеат да се користат во козметичките производи, со цел нејзино усогласување со листата на ЕУ. Воедно, се предлага да се иницираат измени на Законот за безбедност на козметичките производи, со кои ќе се воспостави законска обврска за навремено ажурирање и усогласување на листата.

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат велат дека се постапува по забелешките на ДЗР.

  • Во однос на постапката за увоз на детски играчки, козметички производи и предмети за општа употреба и забелешките за сертификатите за безбедност кои се приложуваат при увоз, веќе се започнати иницијални преговори со релевантните чинители за изнаоѓање заедничко прифатливо решение со цел да се надмине овој проблем“, велат од Инспекторатот.

Дополнително, ревизорот констатирал и други слабости во однос на инспекциските надзори што ги спроведува Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а кои се однесуваат на фактурите и здравствените сертификати. Според ДЗР, овие документи често се на повеќе странски јазици, што создава ризик инспекторите да не ја разберат во целост нивната содржина и да одобрат увоз на стоки без целосно потврдена веродостојност и здравствена безбедност.

Емилија Мисирлиевски

Државниот санитарен и здравствен инспекторат веќе постапува по забелешките

Информираме дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат веќе постапува согласно констатираните забелешки и препораки во извештајот за извршена ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2024 година на ДСЗИ, изготвен од Државниот завод за ревизија.

  • Имено, во делот на забелешките кои се однесуваат на инспекциските надзори, кои се од техничка природа се дадени насоки до сите подрачни одделенија овие забелешки во иднина да бидат корегирани. По однос на забелешките кои се однесуваат на одделението за човечки ресурси, во тек е комплетирање на документацијата.

Во делот на материјално сметковотствено работење, забелешките се од административно техничка природа и имајки во предвид дека ДСЗИ од 01.01.2025 година е орган во состав на Министерството за здравство, веќе се преземени мерки за отстранување на констатираните административни забелешки.

Во однос на постапката за увоз на детски играчки, козметички производи и предмети за општа употреба и забелешката за сертификатите за безбедност кои се приложуваат при увоз, веќе се отпочнати иницијални преговори со релевантните чинители за изнаоѓање заедничко прифатливо решение со цел да се надмине овој проблем.

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Италија повеќе не ги прифака македонските возачки дозволи, се појави ризик иселениците да останат без работа

Kristina Kuzmanovski

Нови 106 случаи на труење во Гостивар за 24 часа – вклучен аларм за жолтица

Kristina Kuzmanovski

МВР со апел: Внимавајте, лажни пораки од „Безбеден град“ крадат информации

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе