На Европското првенство во ватерполо денеска на програмата беа натпреварите од третото коло во А и Ц групите.
Во Ц конкуренцијата, домаќинот Србија немаше поголеми проблеми во соочувањето со Израел и за потврда на првото место славеше со 19:9.
Претходно бранителот на титулата Шпанија беше поуспешна од Холандија и забележа победа од 14:7 што на крајот и ја донесе втората позиција.
Во Б групата Унгарија триумфираше над аутсајдерот Малта со 21:6 за максимален учинок по првиот круг од натпреварувањето.
Во директниот дуел за второто место Црна Гора ја совлада Франција со 13:12.
ФОТО: Игор Паневски







































