Во Македонија се развива процес за пласман на средства од Унгарија за фирми кој, според власта, е во завршна фаза. Од банкарскиот сектор за Телма брифираат дека оние кои ќе учествуваат во процесот, сè уште не ги потпишале договорите во кои треба да бидат наведени услови за да можат да одобруваат кредити по поднесени проектни барања од фирмите.
Мицкоски, пак, оптимист. Се надева дека средствата ќе почнат да се користат по празниците, а ќе бидат наменети за инвестиции во различни сектори, вклучително и за трговски центри, што претходно не беше планирано. Кредитната линија предвидува камата од 1,95%, а не повеќе од 3,25% како што се споменуваше претходно.