Граѓаните се жалат дека новогодишната кошничка, мерка која ја спроведува Владата во насока на скротување на цените пред новогодишните празници, не им носи корист и не придонесува за намалување на високите цени.
Иако министерот за економија, Бесар Дурмиши тврди дека мерката дава резултат, граѓаните се скептични, сметајќи дека овие обиди се само политички маневри. СДСМ, пак, како опозиција ги критикува, истакнувајќи дека цените во маркетите и натаму се високи, а кај некои производи дури и растат.
Вредноста на синдикалната минимална кошница за ноември изнесува 62.021 денар, што пак покажува дека две минимални плати ни од далеку не би можеле да ги задоволат основните потреби на едно четиричлено семејство.