Вести Македонија

Вториот уписен рок на УКИМ се одржува денеска и утре – студентите најмногу сакаат на ФИНКИ, најмал интерес за ПМФ

Слободни места има речиси на секој факултет, но бројките на запишани се задоволителни. Денеска и утре во тек е вториот уписен рок на студентите-бруцоши.

Од студентските тела и организации го пофалија интересот и велат дека нема никакви изненадувања.

Факултетот за компјутерски науки е најпривлечен за новите студенти, додека пак на Природно-математичкиот факултет засега има најмногу слободни места. По него се и Факултетот за земјоделски науки, Електро, Филозофски и Машински.

„Годинава универзитетот е задоволен со бројката затоа што во првиот уписен рок се исполнија бројките на запишани студенти од минатата година. Фактички, во вториот и во третиот уписен рок ние ќе имаме дополнителен број на студенти на УКИМ. Трендот е таков, на одредени науки студентите не се запишуваат, како на пример на Природно-математичкиот или на Педагошки не се запишуваат толку затоа што условите за понатамошно пронаоѓање работа се потешки и платите во средното и основното образование се незадоволителни, па интересот таму опаѓа“, вели Александар Николовски, претседател на Универзитетското студентско собрание на УКИМ.

Добра и убаво платена работа по студиите, напредок и перспективи – ова го очекувааат бруцошите кои се на прагот на академската година.

– Што очекувате од студирањето на УКИМ?

 

– Очекувам добра работа после завршувањето и можеби да станам адвокат еден ден. И јас бев една од тие што сакаат да си заминат ама кога веќе сум одлучила на Правен да се запишам ќе морам да останам тука“, ВЕЛИ СТУДЕНТКА ЗАПИШАНА ВО ПРВА ГОДИНА НА правниот факултет „јУСТИНИЈАН пРВИ“ ВО сКОПЈЕ.

Додека новите студенти допрва ќе се запознаваат со условите во високото образование, оние кои веќе неколку години се дел од системот, остро ги критикуваат надлежните за поткопување на студентскиот стандард.

„Оваа академска година започна со нови давачки од околу 5.000 денари наметнати на студентите по академска година, притоа без никаква најава и консултација со студентите при УКИМ! Надлежните зададоа уште еден удар по и онака катастрофалниот студентски стандард“, се вели во дел од Фејсбук статусот на организацијата „Студентски отпор“.

Ги запрашавме студентите околу новите трошоци, дали знаат за што ќе бидат наменети нивните пари.

Од Универзитетското студентско собрание велат дека реагирале до надлежните и се надеваат дека од нареден семестар трошокот ќе биде ублажен.

„Абе видете и ние не знаеме на што се однесуваат трошоците затоа што дел од трошоците што ги плаќаме плус – НИЕ ништо ОД ТОА не гледаме. Едноставно само одиме на факултет и згора на тие трошоци што ги плаќаме купуваме и реално доста скапи книги“, вели еден од студентите на УКИМ.

 

„Па за нешто, не знам, најверојатно за програмата што е онлајн на страната на факултетот се едните трошоците, другото за ИКСА, не знам навистина“, додава другА студентКА.

 

„Овие дополнителни трошоци се наметнаа за онлајн и материјални ресурси на три факултети на општествените науки и ние како Универзитетско студентско собрание испративме реакција, за што сме во константна координација и со деканите и со ректорската управа, за овие трошоци да бидат ублажени. Студентите сега ќе платат, но се надеваме дека следниот семестар овој трошок ќе биде намален односно ублажен“, вели Александар Николовски, претседател на Универзитетското студентско собрание на УКИМ.

Во меѓувреме, студентите остануваат поделени и по прашањето – дали ќе останат во државата или ќе ја напуштат по завршување на студиите.

„ – Какви се плановите по завршување на студиите, планирате да си заминете од државата?

 

– Не, планирам да останам тука и да работам“, одговара еден студент во трета година на Машинскиот факултет.

 

„Повеќе гледам шанса во другите земји“, е ставот на друга студентка.

Покрај вториот уписен рок кој се одржува денеска и утре, на УКИМ за десетина дена ќе има и трета шанса за упис за факултетите каде што ќе остане место.

Во првиот уписен рок се пополнија слободните места на Архитектонскиот и Факултетот за драмски уметности.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вадење на минерали, нафта и гас, но не и безбедносни гаранции – украинскиот парламент го ратификуваше договорот со САД

Дејан Дејан

Двапати денеска црн чад во Ватикан – попладнево и вечерва продолжува гласањето за нов Папа

Дејан Дејан

Апелација ја дуплираше затворската казна за газдата на „Дурмо турс“ поради трагедијата кај Ласкарци кога во автобуска несреќа загинаа 16 патници- потврдена пресудата за возачот, а други обвинети добија повисоки казни

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе