Балкан Вести Економија Свет

Зголемен трендот на користење на електрични возила во Албанија

Албанскиот генерален директорат за патен транспорт (DPSHTRR) извести дека во периодот јануари-мај 2024 година во Албанија биле регистрирани 1.068 електрични возила.

Ова е зголемување од 81 отсто на регистрираните електрични возила во Албанија во споредба со првите пет месеци од 2023 година.

Со ова, овогодинешната статистика покажува позитивен тренд за користење на електрични автомобили во земјава.

Вкупниот број на електрични автомобили во Албанија во моментовспоред Дирекцијата  е 4.369,  тоа е за 2.397 отсто повеќе од 2019 година.

Истовремено, хибридните возила регистрирани во земјава за првите пет месеци од годинава броеле 2.119.

Генералниот директорат за превоз во патниот сообраќај проценува дека благодарение на електричните и хибридните автомобили, емисијата на јаглерод во земјава годишно се намалува за 1.409.760 килограми.

Од Дирекцијата нагласуваат дека 66,5 од регистрираните автомобили во првите пет месеци имаат возила од категоријата Еуро 4 се намалени за 30 отсто во однос на периодот јануари – мај 2023 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ристевска: Прво ви велат „Сменете го Уставот“, а потоа ви велат „Билатералните спорови надвор“- контрадикторно е

Дејан Дејан

Министерството за правда информира дека се неточни тврдењата дека ќе се изгубат средствата од реформската агенда

Дејан Дејан

Европа да се обедини, реформите се тешки, уставните измени главен услов – пораки од еврокомесарката Кос

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе