Балкан Вести

Излезни анкети: ГЕРБ на Бојко Борисов е убедлив победник на изборите во Бугарија

Партијата ГЕРБ на порнешниот премиер Бојко Борисов е убедлив победник и на изборите за пратеници во Народното собрание на Бугарија и на изборите за пратеници во Европскиот парламент, покажуваат излезните анкети по денешното гласање.

ГЕРБ освил 25,8% од гласовите, коалицијата „Продолжуваме со промените/Демократска Бугарија“ (ПП/ДБ) на Кирил Петков и Христо Иванов – 15,5%, партијата на Турците во Бугарија, Движењето за права и слободи, предводено од Делјан Пеевски (ДПС) – 14,7%, националистичка партија Преродба на Костадин Костадинов – 14,2%, Бугарската социјалистичка партија (БСП) – 8,9%, Има таков народ (ИТН) на Слави Трифонов – 6,5%.

Според освоените гласови, ГЕРБ ќе има 73 пратеници во 240 члениот бугарскиот парламент, ПП/ДБ – 44, ДПС – 42, Преродба – 39, БСП – 24, а ИТН – 18.

Од 17 места што и припаѓаат на Бугарија во Европскиот парламент, пак, ГЕРБ-СДС освоил 5, ПП/ДБ – 3, Преродба – 3, ДПС – 2, БСП – 2 и ИТН – 1.

За двојните денешни избори во Бугарија беа пријавени 6.518 кандидати, 6100 за националниот парламент, а 418 кандидати за пратеници во Европскиот парламент.

На парламентраните избори ќе учествуваа 32 политички формации – 20 партии, еден независен кандидат и 11 коалиции.

Право на глас на изборите за Националното собрание имаа 6.593.275 гласачи, а за пратеници во Европскиот парламент 6.138.050.

Надвор од Бугарија се гласаше во 60 земји, на 769 избирачки места. Бугарите во странство можеа да гласаат на 166 избирачки места во Турција, на 118 во Обединетото Кралство, 103 во Германија, 64 во Шпанија, 55 во САД, 28 во Грција, 27 во Италија, 24 во Холандија, 16 во Канада, 15 во Франција, на шест во Сверна Македонија, на четири во Србија,…

Бојко Борисов пред изборите најави дека веќе нема да се кандидира за премиер, но вети дека ќе се обиде да состави коалиција за да стави крај на политичката нестабилност.

Во случај на неуспех, наесен би можело да се организираат нови избори, што според аналитичарите е многу веројатно сценарио.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

На пристаништето во Солун пронајдени 58 килограми кокаин

Дејан Дејан

САД и Саудиска Арабија потпишаа економски договор кој опфаќа енергетска и судска соработка

Дејан Дејан

Скопјанец осомничен за измама со фиктивна продажба на станови на кумановци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе