Балкан Вести Свет

Палестина и Косово не се ист случај, Шпанија по признавањето на Палестина одговара за непризнавањето на Косово

Ставот на Шпанија за признавање на независноста на Косово од Србија останува непроменет, соопшти шпанското Министерство за надворешни работи, по објавувањето на одлуката Мадрид да ја признае палестинската држава.

Од Министерството за надворешни работи на Шпанија за Радио Слободна Европа посочија дека двете ситуации се многу различни.

-Признавањето на државата Палестина не влијае на територијалниот интегритет на Израел, бидејќи оваа територија никогаш легално не била дел од државата Израел, рече портпаролката на министерството Елена Алјарила Кортезон во одговор за РСЕ.

-Одлуката на Шпанија да ја признае државата Палестина има за цел да го поддржи меѓународното право, принципите на Повелбата на Обединетите Нации (ОН) и резолуциите на Советот за безбедност на ОН, дополнил Алјарила Кортезон за РСЕ.

Шпанија, Ирска и Норвешка на 28-ми мај  официјално ја признаа палестинската држава.

Израел претходно ја критикуваше одлуката и оцени дека станува збор за „награда“ за Хамас, кој е прогласен за терористичка организација од Соединетите Американски Држави и од  Европската Унија.

Шпанија, Словачка и Грција од друга страна се земји членки на ЕУ кои не ја признаа независноста на Косово.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор од 30 дена за екс директорот на Царина, Стефан Богоев и другите тројца осмничени за местење тендер

Дејан Дејан

Протест на граѓани поради опасното возење и сообраќајните несреќи на улицата „Бутелска“ – бараат надлежните бргу да реагираат

Igor Trajkov

(живо)Ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, вели обвинителката за случајот со Богоев – Се чека одлуката на Кривичениот суд за барањето за притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе