Балкан Вести Свет

Албанскиот парламент гласаше за Резолуцијата против корупција додека опозицијата бојкотираше

По повеќечасовната расправа, албанскиот парламент ја изгласа Резолуцијата „За продлабочување на реформите за добро владеење, спроведување на законот и антикорупција за Албанија во Европската Унија 2030″, предложена од владејачката Социјалистичка партија.

Гласаа 76 пратеници од владејачкото мнозинство, двајца опозициски пратеници беа против,  додека останатите пратеници од опозицијата не гласаа.

Целта на ваквата Резолуцијата е да го зголеми владеењето на правото, да се бори против корупцијата и да го усогласи албанското законодавство правопропропорционално со Европската унија.

На донесувањето на резолуцијата се спротивстави опозицијата, која се изјасни дека е „Потсмев од страна на власта која е на власт 11 години” и оти “Корупцијата на владата на премиерот Еди Рама не може да се сокрие со резолуција”.

Премиерот Еди Рама во обраќањето на пленарната седница ја изрази својата решеност со ставот „Борбата против корупцијата нема да запре и оти предизвик е членството во ЕУ”.

„Оваа иницијатива произлегува од потребата за продлабочување на битката и го одразува предизвикот за патот кон ЕУ. Корупцијата е наследена рак рана а Социјалистичката партија е единствената политичка сила која има моќ да донесе промени и да се бори против корупцијата“, изјави Рама.

За време на неговото излагање, опозициските пратеници го бојкотираа со удирање на столчињата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор од 30 дена за екс директорот на Царина, Стефан Богоев и другите тројца осмничени за местење тендер

Дејан Дејан

Протест на граѓани поради опасното возење и сообраќајните несреќи на улицата „Бутелска“ – бараат надлежните бргу да реагираат

Igor Trajkov

(живо)Ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, вели обвинителката за случајот со Богоев – Се чека одлуката на Кривичениот суд за барањето за притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе