Различни очекувања на власта и опозицијата во Србија која повторно оди на вонредни избори, 5-ти по ред во 11 години.
Српскиот претседател Александар Вучиќ очекува убедлива победа со резултат близок до апсолутно мнозинство или дури со освоено апсолутно мнозинство.
Лидерот на опозицијата Драган Ѓилас пак по гласањето оцени дека промените доаѓаат и дека ќе ја заштитат изборната волја при масовниот одзив на граѓаните.
Иако изборниот ден попминува мирно, забалежани се неколку нерегуларности и инциденти. Набљудувачите од организацијата ЦРТА биле нападнати во село во општина Оџаци по што биле следени од џип БМВ додека се движеле кон полициска станица.
Утврдено е дека на едно избирачко место се купувало глас за 4.000 денари (35 евра), а во Белград се регистрирани и исти возила кои разнесувале гласачи на различни места за кои набљудувачите се сомневаат дека не живеат од Белград бидејќи по излегување од автомобилот имале проблеми да го најдат избирачкото место.
За Телма од Белград, од вонредните избори во Србија известуваат специјалниот известувач Марија Дивитарова и снимателот Фуат Сулејман.