Балкан Вести Свет

Хрватскиот министер за одбрана тешко повреден во сообраќајна несреќа додека одел на лов

(Фото: vinkulja.hr)

Хрватскиот министер за одбрана е тешко повреден во сообраќајна несреќа која утрово се случила кај Винковци.

Во несреќата загинал возач на комби во кое удрил министерот Марио Баножиќ додека престигнувал на патот на кој имало густа магла, објавија хрватските медиуми.

Според првичните информации, министерот Баножиќ има тешки и сериозни повреди, но не се животозагрозувачки. Префрлен е во болницата во Осијек.

-По првичното згрижување и дијагностика утврдено е дека станува збор за потешки повреди, меѓутоа во овие моменти тие не се опасни по живот. Но, поради потребен неврохируршки надзор, тој е префрлен во Осијек, изјавил за “Јутарњи” директорот на болницата во Винковци, др. Крунослав Шпорчиќ.

Има повреди на главата и на градниот кош како и скршеници на ногата. Најсериозни се повредите на главата, а медиумот “Јутарњи лист” објави дека на моменти Баножиќ е контактибилен, а на моменти не.

Министерот Марио Баножиќ тргнал во лов, сам бил во неговиот автомобил марка Џип и според информациите на хрватските медиуми престигнувал камион пред несреќата во која загина жител на хрватското гратче Привлака.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЈО Гостивар – Одлуката за натамошниот тек на постапката ќе биде донесена по добивањето на резултатите од испитувањата на примероците од водата во гостиварскиот водовод

Дејан Дејан

Русија изврши голем балистички ракетен напад врз Киев – најмалку едно убиено лице и 14 повредени

Дејан Дејан

Шпанија ја очекува најжешката недела од летото – температурите следната недела ќе достигнат до 45°C

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе