Вести Најважни Свет

Над 5 000 загинати во земјотресите во Турција и Сирија

Погледни, погледни. Со божја волја, со божја волја, Зборувај со твојот татко! Зборувај со твојот татко!

Господ е голем!

Со божјата волја!

Овие трогателни и потресни инсерти од ткн Бели шлемови, на сириската цивилна одбрана, од пронаоѓањето на живо девојче под урнатините во близина на Алепо, илустрираат една од ретките позитивни вести од страотната трагедија која ги зафати Турција и Сирија.

Девојчето Нур, збор кој на арапски значи светлина, била извлечена жива од спасувачите покрај кои стоел нејзиниот татко, кој и ја побарал нивната помош.

Спасувачите френетично ги пребаруваат огромниот број урнатини во регионите зафатени од двата силни земјотреси, во борба против времето.

Очајничката потрага најчесто доведува до пронаоѓање се повеќе безживотни тела на загинатите, но и понекоја ваква приказна со среќен крај, која само дополнително ги мотивира во нивната работа.

Смртоносниот биланс од страотната трагедија продолжува да се зголемува.

Во двете земји, бројот на жртви постојано се зголемува и веќе се искачи на над 5000.

Досега имаме загинати 3 419 граѓани, како и 20 534 ранети. Извлековме повеќе од 8000 луѓе од урнатините, додека 5 775 згради се урнати. Имавме околу 312 помали потреси.

Цели семејства ги загубија животите во страотната трагедија. Алкан Оџан можеше само тивко да ги гледа спасувачите кои ги отстрануваат урнатините од зградата каде животот го загубиле 11 луѓе, членови на неговото пошироко семејство.

Синот на мојот братучед, неговите мајка и татко, чичко, жена, внук. Многу лошо се чувствуваме.

Турската агенција за вонредни ситуации потврди дека повеќе од 24 000 спасувачи работат на терен. Но, во ситуација кога голем број градови и региони се зафатени од земјотресот а срамнети со земја или тешко оштетени се и речиси 6 000 згради, работата на спасувачите е исклучително тешка.

Обидите да се најдат преживеани луѓе под урнатините дополнително се отежнати од температурите под нулата и досега речиси 200 помали потреси по двата големи земјотреси од 7,8 и 7,5 степени. Пребарувањето на урнатините во овие услови е исклучително ризично и за животите на самите спасувачи.

Во Сирија, земјотресот предизвика страотно уништување во делот од земјата каде се водеше крвава граѓанска војна, која предизвика и незапаметена бегалска криза.

Северо-западна Сирија, која е под контрола на опозиционите сили е населена и со околу 4 милиони луѓе, внатрешно раселени од другите делови за земјата зафатени во судирите. Голем дел од нив и досега преживуваа во зградите уништени од бомбардирањата. Хуманитарните агенции ситуацијата во овој дел од Сирија ја опишуваат како катастрофална. Регионите и досега зависеле од помошта која доаѓала од Турција, од храна до лекови. Обединетите нации обезбедуваа хуманитарна помош за над 2,7 милиони луѓе, секој месец, преку коридорите со Турција, кои сега многу веројатно ќе бидат и прекинати.

 

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Пожарникарите наишле на запалени палети и мирис на бензин – Ангелов за пожарот во Чучер Сандево

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе