Вести Економија Топ вести

ЕСМ лани потрошиле над 100 милиони евра за набавка на струја и произвеле најмалку за 10 години

Над 108 милиони евра потрошиле ЕСМ лани за набавка на струја, пишува во најновиот извештај на компанијата. Овие пари за да се купи потребната електрична енергија се исплатени во годината во која планот беше да се произведат над 5.000 гигават часови, количина која од домашните капацитети не е испорачана повеќе од 10 години.

Од бројките во документот може да се види дека во 2025 за набавка на струја биле потрошени речиси 8 милиони евра повеќе од 2024 тата.

Набавката на електрична енергија е направевена со цел задоволување на целокупните 100% потребите од електрична енергија за ЕВН ХОМОМЕ(домаќинства и мали потрошувачи) во текот на целата 2025 година, и 60% загуби во Електроодистрибуција за 2025 година дина, согласно донесените одлуки на Влада и дадените задолженија за АД ECM, пишува во извештајот на ЕСМ 

Податоците укажуваат на тоа дека продолжува да опаѓа домашното производство, а да расте износот на пари за набавка на електрична енергија. Па, така според, извештајот наместо оптимистичките над 5.000 гигават часови производство, електрани лани успеале да обезбедат од сопствените капацитети нешто на 3.000 гигавати , што е најмало производство во последните 10, па и повеќе години. Од ЕСМ тврдат дека причините за ваквите бројки се ремонтите на блоковите во РЕК и лошото хидро.

Примарната причина е значителното продолжување на периодите за ремонт на сите три блока, процес кој се случуваше од април 2025 заклучно со јануари 2026 година. Иако АД ЕСМ постави амбициозен план при отворање на блоковите деталните дефекти укажаа на многу полоша состојба на истите. Поради сериозните технички интервенции кои вообичаено траат од 45 до 60 дена мораа да се пролонгираат од 90 до 120 дена, соопштија од ЕСМ

ЕСМ долго време води битка со финансиската состојба. Но, според извештајот за оваа година во првиот квартал, компанијата има добивка од 2, 3 милиони евра, бројка која влева надеж дека ситуацијата во најголемиот производител со струја на стартот на годинава малку од малку се подобрила.

Сепак,  останува да се види како ќе продолжи работата во следните месеци затоа што ЕСМ се бори со многу предизвици. Според, бројките од финансии државните електрани заклучно со март имаат и  долг од над 55 милиони евра и со тоа повторно се најдоа во првата петорка најголеми должници.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ослободителната пресуда за Талир 2 се пишува, од Кривичен велат ќе биде доставена во најкус можен рок

Igor Trajkov

Аврамовски: И агресивните, неумесни политички изјави влијаат на падот на довербата во судство, но влијае и судската неактивност

Дејан Дејан

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 19.7.2026

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе