На 66-годишна возраст почина Нури Бајрами, поранешен член на Државната комисија за спречување на корупција во мандатот до 2024-та година.
Бајрами беше и новинар и главен уредник на ТВ2. По професија правник, а извршуваше и функции во Општина Гостивар.
Во февруари 2019-та година, Нури Бајрами беше избран за член на Антикорупциската комисија и во текот на мандатот работеше на повеќе големи предмети поврзани со корупција на функционери. На првата седница беше избран за заменик претседател на ДКСК, во мандат кој траеше една година. Секојдневно на работа одеше со автобус од родниот Гостивар.
По завршувањето на мандатот, се пензионираше, но остана активен соговорник на антикорупциски теми со новинарите. По операција на нозете, здравствената состојба му се влоши, а во последниот разговор со него пред повеќе од половина година, Бајрами ни посочи дека е неподвижен и во кревет, најверојатно поради медицинска грешка при оперативниот зафат.
Семејството на Нури Бајрами соопшти дека погребот ќе се одржи денес (сабота, 18.07.2026.) по попладневната молитва.
Миомир Серафиновиќ
