Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски собори уште еден рекорд. Тој денеска триумфираше на трката „ХалкЕко Скопје трча“.
Ивановски денеска постави нов државен рекорд на 10 километри откако на трката финишираше со време од 29 минути и 34 секунди и го подобри претходното постигнување за 16 секунди. Нашиот атлетичар уште еднаш ја потврди врвната форма откако изминатиот период финишираше како второпласиран на маратонот во Белград, а триумфираше на полумаратонот во Дубровник.
Победничка во женска конкуреција беше Греша Бакрачи од Косово со време од 35 минути и 18 секунди.
На јубилејното 10-издание на трката настапија преку 2000 натпреварувачи од дури 16 земји со што уште еднаш се потврди и меѓународното реноме на „Скопје трча 10 километри“.
