Анализата што Министерството за економија и труд, ја изготви во соработка со Државниот пазарен инспекторат, покажала минимално поскапување на прехранбените производи. Биле споредувани цените на 55 најпродавани производи во четири трговски синџири од 1 февруари до 1 април 2026 и заклучокот е дека движењата на цените се умерени и под контрола.
„Резултатите покажуваат дека во анализираниот период е регистриран минимален пораст на продажните цени од 0,43%, додека набавните цени бележат нешто повисок раст од 1,01%“, соопштија од Министерството за економија. Истовремено, просечната бруто профитна маржа кај трговците е намалена од 16,28% на 15,80%.
Според анализата на Министерството за економија благ пораст има кај цените на основните прехранбени производи од 0,45%, при што најголемо зголемување има кај киселото млеко, сирењето, јајцата и маслото.
Поветинување има кај безалкохолните пијалоци од 1,01% и кај овошјето и зеленчукот од 0,86%, освен доматите и кромидот кој поскапеле.
Пазарните состојби ќе се следат и во иднина и доколку е потребно, од Министертството најавуваат дека ќе предложат соодветни мерки за стабилизација на цените.
Горивата поевтинуваат, за цените на храната се чека Мицкоски да ја разгледа анализата
