Вести Македонија Топ вести

Автомобили гореа на улицата „Џон Кенеди“, пожарот зафатил и угостителски објект

Утрово во 04:15 часот на улицата „Џон Кенеди“ во Скопје целосно е опожарено возило „Сеат алтеа“ со скопски регистерски ознаки, од пламенот биле зафатени и други две возила „мерцедес“ и „опел“ и двете со скопски регистерски ознаки.

Се уште не се познати причините за опожарените возила, а од МВР информираат дека пожарот бил изгснат од екипа од Бригадата за противпожарна заштита.

На 21.07.2026 околу 04:15 часот во СВР Скопје пријавено е дека на ул.„Џ.Кенеди“, целосно е опожарено патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.С.(34). Од пожарот зафатени биле и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки сопственост на С.Х.(34) и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.С.(50). Од пожарот оштетен е дел од фасада на зградата и прозорци од угостителски објект во близина. Пожарот е изгаснат од екипа од Бригадата за противпожарна заштита, информираат од МВР.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Левица: Додека од чешмите во Гостивар течел отров, институциите спиеле

Kristina Kuzmanovski

Возел со 4,35 промили алкохол во крвта, полицијата го фати во Кочани

Kristina Kuzmanovski

Нови 50 проценти царини воведе САД за канадските производи

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе