Вести Економија Топ вести

Горивата поевтинуваат, за цените на храната се чека Мицкоски да ја разгледа анализата

Дизелот поевтинува за 2,5 денари, бензините за 1,5 денари. Со новите одлуки на регулаторите, државните,  плус попустот од ОКТА, од ноќеска на полноќ, „95-ката“ на пумпите ќе се продава по цена од 80 денари за литар, „98-цата“ за 82 денара за литар. Дизелот, пак, горивото кое најмногу се троши, ќе се точи за 92,5 денари за литар.

Во меѓувреме, цената на берзите за нафтата кружи околу 100 долари за барел. Мерките во земјава, пак, намаленото ДДВ, и акцизата продолжуваат да важат. Горивата засега се под контрола, но останува отворено прашањето дали и со какви мерки би се интервенирало кај цените на прехранбените производи. Иако, првичните најави беа дека на денешната владина седница ќе се разгледуваат анализите од пазарниот инспекторат и Министерството за економија, тоа денеска нема да се случи.

„Јас нема да ја водам денешната седница поради други обврски што ги имам. Инаку, очекувам да го добијам извештајот и да го изанализираме овие денови и откако ќе го анализираме многу внимателно, тогаш сигурно ќе излеземе со одредени мерки. Сакаме тие да бидат овојпат микро таргетирани“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Од министерството за економија, пак, ни потврдија дека анализата за цените е пратена до Владата.

Изминатиов период поскапеа јајцата, маслото, лебот. Ваквите поместувања повторно ја вивнаа инфлацијата. Па, така статистика измери речиси 5 отсто инфлација во март во однос на март лани.

Од извештајот на статистичарите може да се види дека за една година храната и пијалаците поскапеле за  7,5 отсто. Поскапување има кај речиси сите производи и сите области. Синдикатите веќе побараа мерки веднаш да се донесат за да се ублажи ударот од ценовниот шок.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор од 30 дена за екс директорот на Царина, Стефан Богоев и другите тројца осмничени за местење тендер

Дејан Дејан

Протест на граѓани поради опасното возење и сообраќајните несреќи на улицата „Бутелска“ – бараат надлежните бргу да реагираат

Igor Trajkov

(живо)Ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, вели обвинителката за случајот со Богоев – Се чека одлуката на Кривичениот суд за барањето за притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе