Вести Свет Топ вести

САД со нови напади врз Иран

Соединетите Американски Држави извршија нов бран воздушни напади врз ирански воени цели, соопшти американската Централна команда, наведувајќи дека биле погодени командни центри, ракетни и беспилотни системи, како и објекти за противвоздушна одбрана.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нападите се одговор на смртта на тројца американски војници во неодамнешните напади во регионот

Иран соопшти дека возвратил со напади врз два нафтени танкери во Ормускиот Теснец, како и врз американски воени цели во Бахреин и Кувајт.

Претседателот Масуд Пезешкијан изјави дека земјата води „целосна војна“ со САД, но истовремено потврди дека преку посредници сè уште се разменуваат дипломатски пораки меѓу двете страни.

Тензиите на Блискиот Исток продолжуваат да растат, додека Ормускиот Теснец останува под засилено внимание поради неговото значење за глобалниот транспорт на нафта.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Левица: Додека од чешмите во Гостивар течел отров, институциите спиеле

Kristina Kuzmanovski

Возел со 4,35 промили алкохол во крвта, полицијата го фати во Кочани

Kristina Kuzmanovski

Нови 50 проценти царини воведе САД за канадските производи

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе