Вести Економија Македонија Топ вести

Бензинот поскапува 3 денари, дизелот шест денари

Од три до седум денари поскапуваат дериватите од полноќ. Регулаторна ги донесе новите цени а дериватите откако Владата донесе одлука за намалување на акцизите за еден односно два денари, а Собранието ја продолжи кризната состојба за нови 90 дена.

Од утре безоловното гориво од 95 октани ќе се продава по цена од 90 денари за литар, 98 октанскиот ќе чини 92 денари литар а еден литар еуродизел ќе се продава по цена од 94 денари.

Најголемо поскапување има кај екстралесното масло за домаќинство – седум денари додека мазутот ќе поскапи за 3,2 денари.

Од Регулаторна соопштија дека цените се зголемуваат во просек за 5,88 проценти споредено до цената на 13 јули и додаваат дека тоа е значително помало зголемување на референтните цени на нафтените деривати на светските пазари кое изнесува од 9 проценти кај бензините до 15 проценти кај дизел горивото.

Владата на денешната седница донесе одлука со која се намалуваат акцизите кај бензините за еден денар и два денари кај дизелот, а одлуката беше инкорпорирана во финалната цена на Регулаторната.

Во петокот Владата донесе одлука за продолжување на кризната состојба за нафта и нафтени деривати заради можност за настанување на пореметување на снабдување со нафта и нафтени деривати а дене собранието со 88 гласа „за“ и ниту еден „против“ или „воздржан“ ја продолжи до 20 октомври.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жителите на Гостивар на протест, бараат безбедна вода за пиење

Kristina Kuzmanovski

(Фото) Шампионите ги пречекаа во Мадрид

Kristina Kuzmanovski

ФИФА со дисциплинска постапка против Аргентина за инцидентите во финалето

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе